Линкови за пристапност

Блинкен и Остин ќе отпатуваат во Азија за да ја реафирмираат заложбата за мир во Индопацифичкиот регион


Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, рече дека патувањето е планирано од 14 до 18 март во Јапонија и Јужна Кореја

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин, ќе ја посетат Азија во наредните денови, според Стејт департментот и Пентагон.

Ова ќе биде нивно прво патување во странство откако во јануари беа потврдени од Сенатот.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, рече дека нивното патување од 14 до 18 март во Јапонија и Јужна Кореја ќе ја „реафирмира заложбата на САД за зацврстување на нашите партнерства и ќе ја истакне соработката што промовира мир, безбедност и просперитет во Индопацифичкиот регион низ светот“.

Според изјавата од Пентагон, целта на Остин е да разговара со високи официјални лица за важноста од меѓународни одбранбени односи, и да ја обнови заложбата на САД за слободен и отворен Индопацифички регион, заснован на почитување на меѓународните правила, закони и норми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG