Линкови за пристапност

Обама: Стратегијата за Азиско-пацифичкиот регион ќе опстои на долг рок


Трговскиот договор, потпишан од 12 пацифички држави, мора да биде ратификуван од американскиот Конгрес

Претседателот Барак Обама ги осигура нациите во Азиско-пацифичко регион дека стратегијата на САД за повторно воспоставување рамнотежа во овој дел „ќе опстои на долг рок“, бидејќи ги „рефлектира фундаменталните државни интереси“.

Во говор во Лаос, Обама рече дека има широко одобрување во САД дека овој регион „ ќе стане уште повеќе важен во наредното столетие, и за Америка и за светот“.

Обама рече дека ангажирањето во овој регион е критично за просперитетот и сигурноста на САД во иднина.

Исто така, цел на стратегијата на Белата куќа е да одржува противтежа на зголемените влијание и моќ на Кина во регионот.

„Нашата позиција е посилна и испраќа јасна порака дека како пацифичка нација, ние остануваме тука. Во добри и во лоши времиња, можете да сметате на САД“, изјави Обама.

Трговскиот договор, потпишан од 12 пацифички држави, мора да биде ратификуван од американскиот Конгрес.

XS
SM
MD
LG