Линкови за пристапност

Нова поморска вежба на САД и АСЕАН


Според аналитичарите вежбата би можело да ја намали растечката тензија во морето и да помогне да се контролираат кинеските амбиции

Соединетите американски држави и сите десет земји-членки на АСЕАН за прв пат ќе спроведат заеднички поморски вежби во близина на спорното Јужно Кинеско Море.

Вежбите се очекува да траат пет дена, почнувајќи од втори септември.

Тајланд, ко-домаќин на вежбата, негира дека истата има за цел да ги предизвика напорите на Кина за доминација над спорните води.

Но, со пресекувањето на водите помеѓу на критична точка за меѓународна трговија меѓу индискиот и пацифичкиот океан, ќе се испрати до Пекинг јасна порака дека АСЕАН може да биде партнер со кого и да посака, велат аналитичарите.

Според некои, тоа би можело да ја намали растечката тензија во морето и да помогне да се контролираат кинеските амбиции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG