Од Белата куќа соопштија дека претседателот на САД Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за пошироко користење на вештачката интелигенција.
„Вештачката интелигенција е во допир со секој аспект од животот на луѓето“ изјави виш претставник на администрацијата на Трамп.
Со извршната наредба федералните податоци и компјутерските ресурси ќе бидат подостапни за истражувачите.
Исто така владините агенции ќе можат да користат стипендии и програми за обука на работниците за позиции каде се користи вештачка интелигенција. Во иницијативата се вели дека САД ќе треба да соработуваат и со други држави за заштита на податоците.
Извршната наредба не содржи никакви детали за начините на финансирање на иницијативата.
Facebook Forum