Џон Вилер, армиски офицер во пензија, кој имашe клучна улога во изградбата на споменикот на ветераните од Виетнамската војна во Вашингтон, е пронајден мртов на депонија за ѓубре.
Безживотното тело на 66-годишниот Вилер било пронајдено во петокот во депонија во Вилмингтон, сојузната држава Делавер, на неколку километри од неговиот дом. Полицијата случајот го води како убиство.
Вилер дипломирал на Американската воена академија во Вест Поинт, сојузната држава Њујорк, по што бил на офицерска позиција во Пентагон за време на Виетнамската војна. Се пензионирал од активна должност во 1971-ва година, по што бил поставен на функцијата прв раководител на Фондот за ветераните од Виетнамската војна од 1979-та до 1989-та година.