Линкови за пристапност

Куче доби постхумна награда за хероизам во Втората светска војна


Чипс помогнал во заробувањето на четири германски војници

На американско армиско куче кое ги спасило животите на неколку војници за време на сојузничката инвазија на Сицилија во 1943-та година, постхумно му беше доделен Медалот Дикин, со кој се оддава почит на животните кои служат во воени конфликти и се смета за еквивалент на Крстот на Викторија.

Кучето Чипс било милениче на семејството Врен во Плезантвил, Њујорк.

Откако Чипс ги поминал воените тестови, тој бил припоен до Третиот пешадиски полк на Седмата армија на САД и бил распореден во Северна Африка.

Во јануари 1943-та година, Чипс бил на стражарското место за време на конференцијата во Казабланка, Мароко, каде тогашниот американски претседателот Френклин Д. Рузвелт и британскиот премиер Винстон Черчил, одржале состанок за натамошниот тек на војната.

Истата година, во јули, Чипс се приклучил на операцијата Хаски - сојузничка инвазија на италијанскиот остров Сицилија. „Откако патролата се нашла под директен оган, Чипс се одделил од нив и ги принудил непријателските војници да се предат“, рече капетанот Алан Троп кој учествуваше на церемонијата во Лондон.

Кучето доживеало изгореници и повреди, но преживеало.

Чипс бил награден со Сребрена ѕвезда и бил номиниран за медалот Крст за почит на службата.

Но, медалите подоцна биле укинати, по приговорите дека не биле наменети за животните.

Седум децении подоцна, Чипс постхумно го доби Медалот Дикин - награда за воена служба, што ја доделува Народниот диспанзер за болни животни, британска добротворна организација.

На церемонијата во Лондон, американското војничко куче Ајрон кое е распоредено во Велика Британија ја прифати наградата во името на Чипс, заедно со капетанот Троп.

Меѓу присутните беше и Рендолф Черчил, правнук на Винстон Черчил.

Чипс ја преживеа војната и се врати дома, на радост на тогашниот четиригодишен Врен, кој го пречекал со родителите.

„Тоа е убав начин да се почети воен херој“, изјави тој за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG