Линкови за пристапност

Епл ги обвинува САД за валкана легална борба


Федералната влада бара Епл да го отклучи телефонот на терористот од Сан Бернардино

Епл ја обвини федералната влада на САД за имање намера да ги „извалка“ во врска со борбата околу тоа дали може да ѝ помогне на власта да има пристап до информациите од паметниот телефон во сопственост на терористот Ризван Фарук од Сан Бернардино.

„Во мојата триесетгодишна пракса не сум видел правно мислење што толку има за цел да ја обвини другата страна со лажни обвинувања и инсуниации без да се фокусира на вистинската основа на случајот“ изјави генералниот консултант на Епл, Брус Севел во телефонски разговор со новинарите во четвртокот.

Севел го одби обвинувањето на владата дека Епл намерно направи промени за блокирање на спроведувањето на законот за пристап, велејќи дека овие тврдења се повеќе „неоснован обид за оцрнување на Епл, отколку зафаќање со слуќајот“.

Федералните власти бараат од судијтаа да издаде наредба на Епл за создавање нов софтвер со кој ќе може да се отклучи паметниот телефон на Фарук, еден од напаѓачите кој уби 14 луѓе во Сан Бернардино, Калифорнија, минатиот декември.

Епл го одби барањето велејќи дека безбедносните карактеристики на телефонот ја штитат приватноста на нивните корисници и се заштита од од хакери и криминал.

XS
SM
MD
LG