ВАШИНГТОН —
Демократската сенаторка од Минесота Ејми Клобучар најави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во 2020-та година.
„Зад мене не стојат политичка машинерија и пари, туку храброст, семејство, пријатели и соседи, како и сите вие што ме поддржувате“, рече Клобучар.
Иако не го спомена името на претседателот Доналд Трамп, таа рече дека државата е уморна од надворешна политика на Твитер.
Клобучар, која е сенаторка три мандати, е позната по нејзината способност да преговара со републиканците од спротивната страна.
Facebook Forum