Линкови за пристапност

Сенатот ќе гласа за потврда на новата американска амбасадорка во Скопје


Сенатската комисија за надворешни работи утрово ја одобри нејзината номинација

Номинацијата за новата американска амбасадорка во Северна Македонија Кејт Брнс ќе оди на гласање за потврда во Сенатот.

Сенатската комисија за надворешни работи утрово ја одобри номинацијата, и ја префрли на гласање за нејзина потврда.

На почетокот на овој месец Сенатот имаше сослушување за потврда на Брнс, при кое таа најави три приоритети во фокус на нејзината работа ако биде потврдена за идна амбасадорка во Скопје.

"Прво ќе промовираме стабилност преку силни институции. Северна Македонија направи значен прогрес во унапредување на законите за исполнување на реформите, вклучително за судска независност, владеење на правото и одговорност", рече тогаш Брнс.

Како втор приоритет ја истакна безбедноста преку партнерство.

"Како иден НАТО сојузник, Северна Македонија мора да ги исполни заложбите. Ќе работам со членови на оваа Комисија да осигурам дека Северна Македонија ќе продолжи да дава силен придонес за безбедноста на НАТО", рече таа, додавајќи дека државата учествува во меѓународни операции од 2002 година, испраќајќи речиси 4.000 војници.

"Трето, ќе промовираме просперитет преку позитивно влијание. Северна Македонија ќе има бенефит од подобрување на човековите права, вклученост, слободни медиуми и отворени пазари. САД ќе бидат партнери во градење нови можности за идните генерации преку УСАИД и други програми и јавна дипломатија", вети Брнс.

На прашањето за мешањето на Русија во Северна Македонија, Брнс рече дека има цел да креира поделба и недоверба, јавно спротивставувајќи се на Договорот од Преспа и влезот на државата во НАТО, но, оти таа ќе работи на поддршката на независни медиуми и граѓанско општество, кои ќе помогнат во откривање на фактите и вистината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG