Линкови за пристапност

Владата на САД ја откажа студијата за алкохол вредна 100 милиони долари


Причина е тајниот начин на преговарање на вработените со компаниите за пиво и алхохол, соопшти Националниот институт за здравје

Американската влада стави крај на планираната студија за придобивките на умереното пиење врз здравјето на луѓето, поради страв дека финансирањето од индустриите за алкохол ќе го наруши нејзиниот кредибилитет.

Националниот институт за здравје соопшти дека резултатите од планираната студија, вредна 100 милиони долари, можеби нема да бидат финансирани, поради тајниот начин на преговарање на вработените со компаниите за пиво и алхохол.

Владините официјални лица велат дека е легално да се користат пари од индустријата за владино истражување, се` додека се почитуваат правилата

Во овој случај, велат тие, вработените не ги следеле соодветните процедури кои, меѓу другото, ги чувале во тајност интеракциите со компаниите.

Заменик-директорот на Националниот институт за здравје Лоренс Табак, кажа дека комуникацијата меѓу вработените и претставниците на индустријата била „намерно пристрасна“, со цел студијата да заклучи дека разумното пиење е корисно за здравјето.

Минатиот месец Националниот институт за здравје, времено ја суспендираше програмата, а во петокот целосно го прекина истражувањето, нагласувајќи дека се работи за мошне сериозно прашање.

Истражувањето требаше да тестира две групи луѓе – една која пие чаша алкохол дневно, и друга која целосно ќе апстинира од пиење.

Целта беше да се споредат новите случаи на кардиоваскуларни болести, и стапката на дијабетес меѓу учесниците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG