Линкови за пристапност

Се финализира сенатската трка во Алабама


Претседателот Доналд Трамп го поддржува Рој Мур, велејќи дека неговиот глас е неопходен за спроведување на претседателската агенда, додека републиканскиот сенатор Ричард Шелби вели дека државата „заслужува подобро.“

Кандидатите на специјални избори денес ја имаат последната шанса да ги убедат гласачите дека тие се најдобриот избор да ја претставуваат сојузната државата Алабама во Сенатот.

„Алабама, ние знаеме кои сме“, изјави синоќа пред поддржувачите демократскиот кандидат, Даг Џонс.

„Тоа се избори за да му кажеме на светот кои сме ние, и за што се залагаме“, рече Џонс.

Републиканскиот кандидат Рој Мур има поддршка од претседателот Доналд Трамп кој сними порака која преку автоматски телефонски повици се испраќа до граѓаните на Алабама.

Трамп вели дека ако победи Џонс, тој ќе биде „марионета“ на демократскиот лидер во Сенатот, Чак Шумер, и на демократската лидерката во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, додека Мур ќе му овозможи на претседателот да ја реализира својата агенда.

„Неговиот глас значи наш, републикански Сенат, и тоа ни е потребно“, вели Трамп.

Републиканците имаат тесно мнозинство во Сенатот, во кој има 100 членови. На утрешните изборите ќе се реши кој ќе биде сенатор во преостанатите три години од мандатот на Џеф Сешнс, кој поднесе оставка за да ја преземе функцијата главен правобранител на САД.

Ако победи Џонс, предноста на републиканците ќе се намали од 51 наспроти 49 членови.

Сенаторот од Алабама, републиканецот Ричард Шелби, во неделата изјави дека државата „заслужува подобро“ отколку изборот на Мур, кој е обвинет за сексуални контакти со тинејџерки кои се случиле пред четири децении, кога тој бил на 30-годишна возраст.

Трамп во последниве денови целосно застана зад кампањата на Мур, игнорирајќи ги наводите за сексуално злоставување и фактот дека тој двапати бил соборен од функцијата судија на Врховниот суд во Алабама поради одбивање да се држи до одлуките на федералните судови.

Клучни републикански лидери во Вашингтон побараа Мур да се откаже од кандидатурата, и дека ако победи на изборите ќе се обидат да го сменат од Сенатот.

Главниот стратег на кампањата на Мур, Дин Јанг, рече дека тој предвидува дека „судијата Мур ќе оди во Вашингтон. Судијата Мур ќе победи и јас се сомневам дека ќе има истрага за Сенатот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG