Линкови за пристапност

САД предупредија на опасност од терористички напад во Уганда


Сателитска слика од аеродромот Ентеби
Сателитска слика од аеродромот Ентеби

На Меѓународниот аеродром Ентеби; „конкретна закана“ од непозната терористичка организација

Американската амбасада во Уганда предупреди на опасност од евентуален терористички напад врз Меѓународниот аеродром Ентеби.

Амбасадата на својата Интернет-страница објави дека според разузнавачките информации, постои „конкретна закана“ дека непозната терористичка организација вечерва ќе го нападне аеродромот, меѓу 21:00 и 23:00 часот по локално време. Дипломатското претставништво наведува дека ја добило информацијата од полицијата во Уганда.

Претходно, американски владини претставници најавија дека планираат да ги зајакнат безбедносните мерки на некои странски аеродроми поради загриженоста дека Ал-Каида можеби развива нови експлозивни направи што може скришно да се внесат во авион.

Секретарот за домашна безбедност Џе Џонсон рече дека САД ќе ја кренат безбедноста на повисоко ниво на одредени аеродроми во странство што имаат директни летови за САД.

Асошиетед прес денес цитираше американски контраразузнавачки претставници дека стручњаците се загрижени за новиот обид на Ал-Каида да создаде бомба што непречено може да мине низ аеродромското обезбедување.

Француската новинска агенција јави дека зголемената безбедност на аеродромите е насочена на Блискиот Исток и Европа, цитирајќи неиуменуван претставник на Одделот за домашна безбедност.

По веста од САД, безбедноста беше зголемена и на британските аеродроми.

Секретарот Џонсон вчера кажа дека неговиот Оддел постојано ја оценува глобалната закана и мерките за аеродромска безбедност.

XS
SM
MD
LG