Линкови за пристапност

Забрана за внесување електронски направи во директни летови кон САД


Мерката се однесува на патници од десетина авиокомпании од Блискиот Исток и Северна Африка

Кралската авиокомпанија на Јордан и официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија, соопштија за забраната синоќа. Мерката се очекува да стапи на сила денеска.

Јорданската авиокомпанија преку порака на Твитер соопшти дека на барање на американските власти, на лицата кои патуваат кон САД ќе им биде забрането во авионот да ги внесат повеќето од електронските направи. Овде се вклучени и патниците со транзит преку Канада. Твитер пораката оттогаш е избришана.

Забраната не се однесува на мобилните телефони и медицински направи, но вклучува лаптоп комјутери, таблет комјутери, електронски видео игри и видео камери, со напомена дека сето ова може да биде претходно чекирано во авионот со другиот личен багаж.

Мерката нема да ги зафати американските авиокомпании, бидејќи ниту една нема нонстоп летови со издвоените земји.

Причината за забраната не е јасно изложена. Портпаролот на Одделот за домашна безбедност, Дејвид Лапан, одби да коментира.

Забраната ќе стапи на сила пред средбата во Вашингтон на претставници на коалицијата под водство на САД во борба против организацијата Исламска држава. На утрешниот состанок во Стејт департментот се очекува да присуствуваат и виши арапски претставници.

XS
SM
MD
LG