Американските воздухопловни сили, од 1981-та година, ја доделуваат наградата Ленс П. Шин, за лица кои покажуваат највисоки лидерски квалитети.
Ова е една од најпрестижните награди кои ги доделува овој род во Армијата. Наградата го носи името на пилотот Ленс П. Шин, чиј авион бил соборен во 1967-та година, за време на Виетнамската војна.
Ленс П. Шин бил постхумно одликуван со Медалот на честа, во 1976-та. Тогашниот претседател Џералд Форд му го доделил медалот на семејството Шин, за хероизмот во службата, кој го чинеше живот. Годишната награда со неговото име се доделува од 1981-та година.
Генералот на воздухопловните сили на САД Стивен Вилсон вели:
„Оваа награда се однесува на секоја област во воздухопловните сили. Приказната на Ленс Шин е легендарна“, вели Вилсон.
Сестрата на Ленс, Џенин Шин-Розина, го посвети животот во спомен на нејзиниот брат. Нивните родители се од српско потекло.
„Додека бил во воениот авион над Лаос, во ноќна мисија, неговиот авион експлодирал, а тој преживеал катапултирајќи се во џунглата во Лаос“, вели Шин-Розина.
Имал повреди по целото тело, скршена лева нога, се присетува Џенин.
Спасувачки тим се обидел да го пронајде, но не успеале, поради густата шума во џунглата.
„Оствариле радио контакт, да договорат место каде да го евакуираат“, додава таа.
Но, Шин им рекол да не доаѓаат, бидејќи бил опкружен со виетнамски војници.
Кога се вратиле следниот ден, батеријата била потрошена и не можеле да го најдат.
По еден месец, на Божиќ, 25-ти декември 1967 година, Шин бил пронајден онесвестен. Северновиетнамските војници го заробиле и го одвеле во логор.
Сестрата на Ленс вели дека нејзиниот брат бил постојано мачен. Шин починал во јануари 1968-та.
Неговите посмртни останки биле вратени на семејството во 1974-та.
„Ленс беше многу горд на неговото српско потекло“, рече неговата сестра.
Џенин Шин - Розина секоја година присуствува на церемонијата на доделување награди, и им ја кажува на младите пилоти херојска приказна за нејзиниот брат.
Facebook Forum