Линкови за пристапност

САД најавија дополнителни 225 милиони долари помош за глобална борба со пандемијата


САД продолжуваат да бидат предводници на светските здравствени и хуманитарни напори против пандемијата на КОВИД-19, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска најави дополнителни 225 милиони американски долари помош за глобалната борба против пандемијата на коронавирусот.

Се надоврзуваме на тоа лидерство, со дополнителни 225 милиони американски долари во медицинска, хуманитарна и економска помош за понатамошно зајакнување на глобалните напори
Мајк Помпео, aмерикански државен секретар


Тој истакна дека благодарение на великодушноста на американскиот народ и напорите на американската влада, САД продолжуваат да бидат предводници на светските здравствени и хуманитарни напори против пандемијата на КОВИД-19.

„Се надоврзуваме на тоа лидерство, со дополнителни 225 милиони американски долари во медицинска, хуманитарна и економска помош за понатамошно зајакнување на глобалните напори“, соопшти Помпео.

Оваа нова помош следи откако САД претходно одвоија скоро 274 милиони американски долари помош за справување со коронавирусот.

Помошта, исто така се надоврзува на повеќе од 140 милијарди американски долари здравствена помош од САД, обезбедена на глобално ниво во последните 20 години. САД се неспорен лидер во обезбедувањето здравствена и хуманитарна помош, ширум светот, рече Помпео.

„Помошта има за цел да го намали пренесувањето на вирусот преку дијагностицирање, спречување и контрола на инфекциите во здравствените установи, подготовка и зајакнување на здравствени системи за итни случаи, подобрување на лабораториите, обука на здравствени работници и друго - сето ова како обид да се одговори на дополнителни епидемии за да се намалат последиците врз Американците во странство и подобро да се заштитат Американците дома од понатамошно пренесување преку нашите граници“, соопшти американскиот државен секретар.

Тој рече дека пандемиите не познаваат граници. „Низ децениите на американско глобално лидерство во здравството и хуманитарната помош, знаеме дека паметните и стратешките инвестиции се покажаа клучни за заштита на татковината. Како што историјата докажа, ние можеме да се бориме со пандемии дома и да им помогнеме на другите нации. Што е најважно од сè, САД можат да обезбедат голема помош за нашите партнери во странство без да пренасочуваат критични залихи од американскиот народ.“

Помпео истакна дека ќе бидат задржани сите критични медицински производи во САД сè додека не биде задоволена побарувачката во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG