Линкови за пристапност

Историскиот пакет за помош на американската економија помина во Претставничкиот дом


Следен чекор е законот да биде потпишан од страна на претседателот Трамп

Најголемиот економски пакет за помош во историјата на САД се очекува наскоро да биде потпишан во вид на закон од страна на претседателот Трамп, откако за истиот денеска зелено светло даде Претставничкиот дом.

Овој историски пакет предвидува милијарди долари за финансирање на болниците, малите бизниси, индустриите погодени од карантините, како и директно испраќање на готовина на повеќето Американци од ниската и средна класа, во обид да се намали влијанието од огромните економски штети кои ги нанесе пандемијата на коронавирусот.

Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, имаше за цел законот да биде донесен денеска во процедурална постапка која ќе ги спречи пратениците да мора да патуваат од различни места ширум целата држава за да гласаат лично на Капитол Хил.

Но, републиканскиот конгресмен Томас Маси од јужната држава Кентаки се спротивстави на усвојување на стимулот со такво гласовно, велејќи дека со тоа ќе се зголеми американскиот долг, кој веќе изнесува повеќе од 23 трилиони долари.

Претседателот Трамп претходно предупреди да не се задржува усвојувањето на законот.

Законодавците пристигнаа од целата земја, така што раководството на Конгресот можеше да констатира дека има кворум, како одговор на приговорите на Маси.

Многу законодавци сепак признаа дека иако тие би гласале за помошта, брзо подготвеното законодавство е далеку од совршено.

Гигантската финансиска мерка е дизајнирана за да ја преплави американската економија, најголемата во светот, со голема количина на готовина, со цел да се намали негативното влијание од пандемијата која продолжува да нанесува штети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG