Линкови за пристапност

САД со нова улога во мировните мисии во Африка


САД ја преосмислуваат улогата на мировните мисии на ОН во Африка. Советникот за национална безбедност Џон Болтон и секретарот за одбрана, Џим Матис ги разгледуваат можностите за распоредување на американски сили и ресурси на континентот.

Болтон ја соопшти новата политика на администрацијата на Трамп кон Африка, велејќи дека САД повеќе не можат да поддржуваат неодговорни мировнички мисии во Африка.

„Наша цел е да ги разрешиме конфликтите, а не да ги замрзнеме и продолжиме. Повеќе нема да обезбедуваме легитимитет за мисиите преку кои се исплаќаат големи суми за државите што испраќаат слабо опремени војници кои даваат недоволна заштита на ранливите заедници на теренот.“

Пентагон има слична позиција. Секретарот за одбрана Матис неодамна препорача повлекување на сите американски војници од мировната мисија во Мали.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG