Линкови за пристапност

Трамп планира повлекување на 7.000 војници од Авганистан


Според извештаите, претседателот Доналд Трамп размислува за значајно повлекување на американските војници од Авганистан - приближно половина од повеќе од 14.000 војници кои во моментов се распоредени таму.

Според планот, околу 7.000 американски војници ќе започнат со повлекувањето во јануари, а остатокот во наредните месеци.

Американските војници се дел од силите на НАТО чија примарна мисија е обука и советување на авганистанските сили во преземањето на одговорноста за безбедноста во државата.

Администрацијата Трамп бара решение за ставање на крај на војната во Авганистан, кое вклучи и разговори со Талибан.

Секретарот за одбрана, Џим Матис, посебно не го спомна Авганистан во писмо за оставка кое го упати до Трамп, но рече дека претседателот има “право да има секретар за одбрана чии ставови се подобро усогласени со неговите.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG