Линкови за пристапност

САД добија пристап до девет бази во Авганистан


Карзаи во замена бара безбедносни и економски гаранции.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека е подготвен да им дозволи на САД пристап до девет бази во неговата земја, по повлекувањето на меѓународните борбени трупи наредната година, но за возврат бара безбедносни и економски гаранции.

Обете земји веќе подолго време се во разговори за постигнување билатерален договор со што би се дефинирало американското воено присуство во Авганистан по 2014-та година. Обраќајќи се на церемонија во Кабул, претседателот Карзаи ги понуди првите детали од разговорите, за кои кажа дека се влезени во „клучна фаза“.

Првиот човек на Авганистан подвлече дека на САД ќе им обезбеди контрола на девет бази во земјата, вклучувајќи една на границата со Пакистан, а друга близу границата со Иран, доколку Вашингтон ги задоволи барањата на Кабул. Тој додаде дека Авганистанците би сакале да добијат гаранции од САД за зголемување на безбедноста, зајакнување на способноста на авганистанските борбени трупи и обезбедување на долгорочен економски развој.

Засега нема реакција од американска страна.
XS
SM
MD
LG