Линкови за пристапност

САД и Авганистан ги детализираат идните односи


Формирана е билатерална комисија која ќе работи како дел од стратешкиот договор потпишан порано годинава.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во среда во Стејт департментот за ова ќе разговара со авганистанскиот министер за надворешни работи Залмаи Расул.

Стратешкиот договор потпишан во мај годинава се однесува на идните односи меѓу двете земји, во време кога американските борбени трупи го привршуваат повлекувањето од Авганистан до крајот на 2014-та година.

Договорот ја опфаќа соработката во областа на безбедноста, економскиот развој и владеењето. САД не се обврзани за какво било конкретно воено присуство, но ветуваат американска помош за Авганистан најмалку една деценија откако меѓународните борбени трупи ќе ја напуштат земјата. Неодреден број американски воен персонал се очекува да остане во Авганистан за да помогне во обуката и ќе има советодавна улога за авганистанските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG