Линкови за пристапност

Пристигнаа првите 200 Авганистанци во САД кои ќе добијат заштита зашто им помагале на американските војници


Продолжуваме да го исполнуваме нашето ветување кон илјадници авганистански државјани кои служеле рамо до рамо со американските војници, рече Бајден

Околу 200 Авганистанци кои се квалификуваат за специјален имигрантски статус пристигнаа денес во САД со специјален лет, како дел од операцијата за евакуација на оние што ѝ обезбедиле помош на Владата на САД.

„Денес постигнавме значајна цел како што продолжуваме да го исполнуваме нашето ветување кон илјадници авганистански државјани кои служеле рамо до рамо со американските војници и дипломати изминативе 20 години во Авганистан“, изјави претседателот Џо Бајден во пишана изјава.

Тој додаде дека сака да им „оддаде почит на сите во САД кои зборувале во име на овие храбри Авганистанци, вклучувајќи ја гордата заедница на ветерани, која постојано се залага за правата на Авганистанците кои биле до неа во Авганистан, често работејќи како преведувачи“.

Официјални лица на Белата куќа ја најавија операцијата за помош на овие лица на 14-ти јули, најавувајќи дека ќе ги евакуираат авганистанските преведувачи и други, кои ѝ помагале на Американската влада за време на војната, заедно со нивните семејства, кои сега стравуваат дека ќе бидат мета за одмазда на Талибан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG