Линкови за пристапност

САД: Расипништво во набавката на униформи за авганистанската армија


Првиот човек на Пентагон, Џим Матис кажа дека во период од десет години непотребно биле потрошени десетици милиони долари пари од американските даночни обврзници

Американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, кажа дека деталниот извештај на генералниот инспектор за преголемо трошење, од 28 милиони долари за униформи на авганистанската армија, не само што открива расипништво, туку и „служи како пример на самодоволен начин на размислување“.

Коментарите од првиот човек на Пентагон вчера беа објавени во меморандум, во кое тој рече дека ова може да се користи како пример за изложување на расипнички практики.

„Купувајќи униформи за нашите авганистански партнери, и тоа на начин со кој можеби непотребно биле потрошени десетици милиони долари на даночните обврзници, во текот на десетгодишен период, не смее да се смета за неважно во одговорностите за буџетот,“ напиша Матис.

Владата на САД од 2002-та година наваму одвои 117 милијарди долари за реконструкција на Авганистан. Околу 66 милијарди долари од овие средства одат во фондот за обезбедување на опрема и обука на авганистанските безбедносни сили, за да спроведат поправка и реконструкција на инфраструктура.

Освен цената, во извештајот се наведува и погрешната одлука на коалицијата на НАТО предводена од САД и авганистанските власти да изберат униформи со зелена боја, за маскирање во шумска средина, во земја каде само 2 проценти од теренот е шумски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG