Линкови за пристапност

Нови воздушни напади врз Талебан во Авганистан


Целта е спречување на терористички активности, објави американиста армија

Американските армиски сили во Авганистан почнаа нова воздушна кампања против Талебан.

Армијата издаде соопштение истакнувајќи дека почнала серија напади врз сомнителни локации за обука на борците на Талебан во провинцијата Бадашкан, чија цел е “спречување на обука и планирање на терористички акти во близина на границата со Кина и Таџикистан“. При воздушните напади исто така беа уништени возила, украдени од авганистанската национална армија, а потоа пренаменети да носат експлозивни направи.

„Нема да има безбедно место за криење на Талебан“, изјави генералот Џон Николсон, командант на американските сили во Авганистан.

Континуираните воздушни напади на коалиционите сили предводени од САД, резултираа со загуба од 30 милиони долари за Талебан од почетокот на кампањата минатиот ноември, наваму.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG