Линкови за пристапност

САД во Авганистан исфрлија најголема ненуклеарна бомба


Целта биле тунели на милитанти на ИСИС, соопшти Пентагон

САД во источен Авганистан ја исфрлиле најголемата ненуклеарна бомба во својот арсенал. Според портпаролот на Пентагон Адам Стамп, ова е прв пат американската армија да употреби ваков тип на бомба, во воениот жаргон позната како „Мајка на сите бомби“.

Во соопштение на Пентагон се посочува дека бомбата ГБУ-43 била фрлена врз комплекс-тунели на милитанти на Исламската држава, во областа Ачин во провинцијата Нангархар, близу границата со Пакистан.

Нападот бил извршен во 19:32 часот по локално време.

Бомбата содржела 11 тони експлозив, а била исфрлена како одговор на зголемената употреба на бункери и тунели од милитанти на Исламската држава, за да ја „згуснат нивната одбрана“, вели генералот Џон Николсон, командант на американските сили во Авганистан.

Пентагон не обелодени колкава штета е причинета, ниту дали има жртви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG