Линкови за пристапност

САД ќе ги повлечат војниците од Авганистан ако се постигне договор со Талибан


Двете страни се подготвени да ги продолжат преговорите наредниот месец

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе ги повлече сите американски војници од Авганистан, ако се постигне мировен договор со Талибан.

Неговиот коментар уследи денови откако САД и терористичката група начелно се договорија за мировен договор, со кој треба да се стави крај на 17-годишниот конфликт во Авганистан.

По неколку дена преговори со Талибан во Доха, американскиот специјален претставник за помирување во Авганистан рече дека двете страни во принцип се договориле на работна рамка, која ќе ги обврзе бунтовниците, вклучувајќи ги ал-Каида и Исламската држава да не ја користат територијата на Авганистан за напади кон Америка и нејзините сојузници, како и кон соседите на Авганистан.

Во замена, САД ќе ги повлечат војниците оттаму, но, под услов да се прекине огнот и Талибан да отвори дијалог со Авганистанската влада.

Талибан вели дека двете страни се подготвени да ги продолжат преговорите наредниот месец. Сепак, засега групата одбива да се сретне со претставници од Владата во Кабул.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG