Линкови за пристапност

Обама: Мула Актар Мансур целел на американски персонал и трупи во Авганистан


Американскиот претседател го повика Талебан да се помири со авганистанската влада

Претседателот Барак Обама кажа дека со смртта на лидерот на Талебан Мула Актар Мансур, е отстранет лидер на организација што и натаму планира и изведува напади врз американски и коалициони сили.

Обама додаде дека Мансур особено целел на американски персонал и трупи во Авганистан.

Американскиот претседател го повика Талебан да се помири со авганистанската влада.

Коментарот уследи откако Авганистанската разузнавачка агенција потврди дека Мансур бил убиен во американски напад со беспилотно летало во Пакистан, во близина на границата со Авганистан.

XS
SM
MD
LG