Линкови за пристапност

Извештај: Неповолни резултати на САД во Авганистан


Зголемување на американските напади, но не и контролата на авганистанската влада во земјата

Во нajнов извештај е прикажана непогодна слика за напорите на САД за обезбедување на Авганистан, повеќе од 16 години откако по американската инвазија во земјата.

Учеството на САД во Авганистан сега претставува најдолг конфликт во американската историја, и Специјалниот генерален инспектор за реконструкција на Авганистан, вели дека неодамнешните американски воени напади не успеале да ја зголемат контролата на авганистанската влада врз нејзиното население. Само во октомври, САД, со 11.000 авганистански војници, употребиле 653 парчиња муниција на непријателските борци, што е рекорд од 2012-та наваму и три пати повеќе од октомври 2016-та.

Со интензивираните воени активности, во извештајот се вели дека се зголемува и бројот на американските жртви, со 11-мина загинати во првите 11 месеци минатата година, двојно повеќе од жртвите истиот период во 2015-та и 2016 година.

Извештајот е доставен до Конгресот, Пентагон и Стејт департментот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG