Одбраната на американскиот војник, обвинет за убиство со умисла на 16 цивили минатата година во Авганистан, најави дека тој ќе ја признае кривицата за да ја избегне смртната казна.
Според адвокатот Џон Хенри Брауни, наредникот Роберт Бејлс ќе се изјасни за виновен на рочиштето во воен суд закажано за 5-ти јуни во близина на Сиетл, сојузната држава Вашингтон.
Армиските обвинители го товарат Бејлс дека во март 2012-та година скришно ја напуштил својата база во јужен Авганистан и дека со огнено оружје и со нож убил 16 цивили во две села. Девет од убиените се деца.
Армијата наведува дека се работи за одмазда за бомбашки напад во кој сериозно бил повреден друг војник.
Брауни вели дека неговиот клиент бил на четврта по ред воена мисија во Авганистан и дека страдал од пост-трауматски стрес и последици од потрес на мозокот.