Линкови за пристапност

Протести против ограничувањето на правото на абортус во САД


Протестите се насочени кон неодамна усвоените закони против абортусот

Десетици протести кои го поддржуваат правото на абортус се одржаа низ САД, вклучувајќи го и протестот пред Врховниот суд во Вашингтон.

Протестите се насочени кон неодамна усвоените закони против абортусот. Се очекува истите да бидат допрва обжалени поради несогласување со одлуката на Врховниот суд од 1973 година за легализирање на абортусот во земјата.

Државите како Мисисипи, Охајо и Мисури донесоа закони кои наметнуваат строги рестрикции за абортуси или, во случајот на Алабама, забрана. Активистите за борба против абортусот се надеваат дека правната битка против строгите ограничувања на абортусот на крајот ќе стигне до Врховниот суд.

Конзервативците кои се залагаат за ограничување на абортусот беа охрабрени со назначувањето на двајца конзервативни судии на Врховниот суд, Нил Горсух и Брет Кавана, за кои веруваат дека ќе им се придружат на тројца други конзервативци во судот за да се постигне мнозинство потребно да се поништи одлуката во случајот „Ро наспрема Вејд“ од 1973 година, со која е потврдено правото на абортус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG