Апелационениот суд во Вашингтон ја стопираше одлуката на понизок суд во Тексас, со која се дозволува недокументирана малолетничка, која се наоѓа во притвор, да направи абортус.
Во петок се очекува судско сослушување, со цел изнесување на фактите за овој случај.
Џеј Дои, како што ја води судот, поради заштита на нејзината приватност, се наоѓа во бегалско засолниште во Браунсвил, Тексас од 11-ти септември, кога била приведена на границата САД - Мексико
17-годишната Дои, добила дозвола од судија на сојузната држава, да може да ја изврши процедурата, но, Одделот за здравство и социјална политика, кој што има јурисдикција врз недокументираните малолетници, фатени како ја поминуваат границата, одбило да и` даде дозвола да го напушти засолништето.
Судијата Танија Чаткан вели дека Владата мора да и` дозволи на Дои да изврши абортус до сабота.
Адвокатите на девојчето, исто така, велат дека ситуацијата е критична, бидејќи Дои е бремена 15 недели, а согласно законот во Тексас, не е легално да се направи абортус по 20 недели бременост.
Но, и покрај тоа, Одделот за правда побара судската одлука да се стопира, велејќи дека остануваат недели до крајниот рок за абортирање
Владата изјави дека политиката на Одделот за здравство и социјална политика има пракса да се противи на олеснување на абортусот, додавајќи дека Дои може лесно да ја изврши процедурата со враќање во нејзината држава во Централна Америка.
„Не постои уставно право бремена малолетничка, нелегално да ја помине границата и да изврши абортус, додека се наоѓа во притвор“, изјави Одделот за здравство.
Адвокатите за граѓански слободи велат дека Владата не може да забрани абортус никому, укажувајќи дека секоја одложена недела го зголемува ризикот за изведување на процедурата.
Facebook Forum