Претседателот Барак Обама во Белата куќа ќе биде домаќин на семејства на американската армија, а планиран е пикник и концерт.
Клучниот елемент на празникот, всушност се наоѓа во непосредна близина на Белата куќа, во зградата на Националната архива – домот на Декларацијата за независност, изготвена од Томас Џеферсон, а усвоена од Конгресот на 4-ти јули, 1776-та година.
Во рамки на свеченостите е и традиционалното читање на овој важен документ, токму на скалите пред зградата. Оригиналната верзија на Декларацијата за независност е поставена на видно место во Националната архива и е достапна за милионите посетители во текот на целата година.
Кусо време по читањето, токму пред зградата на архивата ќе започне и парадата на која ќе учествуваат илјадници лица, којашто ќе заврши меѓу Белата куќа и споменикот на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон.