Линкови за пристапност

Ураганот Исаијас се движи на север низ Северна Каролина


Ураганот Исаијас се движи на север долж источниот брег на Северна Карлоина.

Националниот центар за урагани соопшти дека откако Исаијас навлезе на копното неговата брзина се намали, но се уште има силни ветрови кои веќе оставија без струја илјадници домови и бизниси.

Исаијас навлезе на копното пред полноќ во понеделникот а ветровите достигнуваа брзина од 140 километри на час.

Метеоролозите велат дека Јужна и Северна Каролина може да очекуваат дождови со воден талог меѓу 7 и 15 сантиметри. Силните врнежи долж источниот брег може да предизвикаат поплави.

Потенцијално опасни поплави се можни во Вашингтон и Балтимор.

Предупредувања за тропска бура се издадени од Вирџинија се до Мејн.

Претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина за да ги ослободи федерални фондови за да им помогне на погодените градови и за подобра координација на напорите за справување со последиците.

Трамп во саботата издаде слична наредба и за Флорида која беше поштедена од најголемиот удар од бурата.

XS
SM
MD
LG