Линкови за пристапност

Ураганот Берил се намали на тропска бура


Ураган Берил (јули, 2024)
Ураган Берил (јули, 2024)

Ураганот Берил се намали на тропска бура откако пристигна на копно во јужниот дел на САД во државата Тексас рано во понеделникот како ураган од прва категорија. Најмалку две лица загинаа во областа Хјустон. Невремето предизвика прекин на струја за повеќе од два милиони домови и деловни објекти, предизвикувајќи поплави.

Двата аеродроми во Хјустон откажале повеќе од 1.000 летови.

Според Националниот центар за урагани, предупредувањата за поплави биле на сила низ поширокиот дел од брегот на Тексас.

Властите известија дека засега се пријавени две жртви откако дрвја паднале врз две куќи.

Беј Сити, Тексас (8 јули 2024 година)
Беј Сити, Тексас (8 јули 2024 година)

Според официјален претставник на Белата куќа, претседателот Џо Бајден редовно бил информиран за невремето откако ураганот дојде до копно во Тексас.

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека Берил ја повратил силата на ураганите непосредно пред да допре на копното со максимални ветрови од 130 километри на час.

Синоптичарите велат дека очекуваат 12-25 сантиметри дожд да наврнат во областите на источен Тексас до доцна во понеделник.

Пред да го погоди Тексас, Берил помина низ Карибите, убивајќи три лица во Венецуела, три лица во Гренада, три лица во Санкт Петербург, и две лица во Јамајка.

Поплавите го опустошија градот Куманакоа во Венецуела
Поплавите го опустошија градот Куманакоа во Венецуела

Берил го погоди и мексиканскиот полуостров Јукатан пред да го премине Мексиканскиот залив и да се упати кон Тексас.

Бурата постави рекорд како најран ураган со јачина од 5-та категорија за време на сезоната на урагани во Атлантикот што трае од јуни до ноември.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG