Линкови за пристапност

Универзитетот на Сорос од Будимпешта се сели во Виена


Универзитетскиот ректор рече дека одлуката на Унгарија значи селективно исклучување

Централноевропскиот универзитет на Унгарија, финансиран од бизнисменот Џорџ Сорос ќе се пресели во Виена, соопштувајќи дека бил принуден да ја напушти државата.

Ректорот на универзитетот рече дека одлуката на Унгарија значи селективно исклучување, објаснувајќи дека унгарската Влада наредила американските акредитирани програми да се префрлат во Виена, и од септември следната година таму да почнат да ги прифаќаат студентите.

Универзитетот најави дека ќе го сочува кампусот на Будимпешта.

Критичарите на унгарскиот премиер Виктор Орбан тврдат дека законското решение било донесено со цел да се таргетира Централноевропскиот универзитет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG