Научници од Универзитетот Беркли, во Калифорнија, велат дека секоја од супермасивните црни дупки има маса еквивалентна на 10 милијарди пати поголема од сонцето, или соларната маса, и сила на гравитацијата што покрива регион пет пати поголем од нашиот соларен систем. Најголемата супермасивна црна дупка за која до сега се знаеше тежеше 6,3 милијарди соларни маси.
Најголем дел од астрономите генерално се согласни дека има црна дупка лоцирана во центарот на повеќето, ако не и на сите, галаксии во универзумот, вклучувајќи и прикриениот гигант што седи во срцето на нашата галаксија, Млечниот пат. Научниците овој тип на црни дупки ги викаат супермасивни супермасивни црни дупки.
Истражувачите од Беркли велат дека секоја од ново-откриените супермасивни црни дупки седи во центарот на огромна елиптична галаксија на повеќе од 300 милиони светлосни години од Земјата. Тие веруваат дека џиновската галаксија и нивните црни дупки биле формирани од судир на две или повеќе спирални галаксии пред околу 10 милијарди години.
Овој ран период во развојот на вселената е кога ретко виден тип на силно осветлена галаксија позната како квасар, била вообичаена работа. Астрономите велат дека двете супермасивни црни дупки може да се темни остатоци на тие квасари.
Новата студија е објавена во овонедлното издание на журналот „Наука“.
Вселената се смета дека е 13,7 милијарди години стара, додека нашиот соларен систем е формиран со раѓањето на сонцето пред 4,6 милијарди години.
Светлосна година е колку далеку може да патува светлината низ вакуум од надворешната вселена за една година – растојание од приближно 10 трилиони километри.