Линкови за пристапност

„Направено во Кина“ стана олимписка контроверза во САД


Американски законодавци и атлетичари се лути по откритието дека униформите на американскиот олимписки тим се направени во Кина, но економистите мислат поинаку.

Професорката по бизнис на Универзитетот Џорџтаун Пиетра Риволи за Гласот на Америка кажа дека производството на облека станало „сосема мал дел на американското економско милје“.

„Факт е што сега, речиси 97 проценти од облеката купена во САД е сошиена во странство", вели таа.

Риволи е авторка на „Патувањата на една маичка во глобалната економија“ . Таа вели дека американската индустриска пракса на преселување на шиењето во странство нагло фатила нагорна линија во доцните 1980-те. Таа вели дека трендот бил поттикнат од евтината работна сила во странство.

Праксата привлече посебно внимание неделава кога американски новински организации нагласија дека на етикетите на блејзерите, кошулите и панталоните што ќе ги носат спортистите на американскиот олимписки тим на претстојните игри во Лондон ќе пишува „Направено во Кина“.

Олимпискиот комитет треба да се засрами. Мислам дека треба да ги земат сите тие униформи, да ги стават на куп и да ги запалат
Хари Рид

Лидерот на мнозинството во Сенатот Хари Рид кажа дека одлуката за шиење на униформите во странство била „апсолутно погрешна“ во време кога американските текстилни работници се „очајни за работа“:

„Олимпискиот комитет треба да се засрами. Мислам дека треба да ги земат сите тие униформи, да ги стават на куп и да ги запалат“.

Олимпискиот комитет ја бранеше одлуката и нивните партнери во Ралф Лорен, американска компанија за облека што ги дизајнирала униформите.

Во изјава од четвртокот портпаролот на комисијата Патрик Сандаски кажа дека за разлика од повеќето олимписки тимови, американскиот е приватно финансиран. Тој кажа дека комисијата е „благодарна за поддршката“ на спонзорите.

Риволи вели дека облеката направена во Кина „не е голема работа“, но дека тајмингот на одлуката придонел за контроверзата:

„Го погоди кинескиот нерв. Тоа е нерв на економската несигурност. И се разбира, бидејќи се работи за Олимпијадата, го погоди и нервот на патриотизам.“
Таа вели дека и покрај тоа што шиењето на облеката било во Кина, добро е што продажбата, маркетингот и дистрибуцијата на облеката се прават во САД.
XS
SM
MD
LG