Линкови за пристапност

УНИЦЕФ: Многу деца се во опасност да умрат од болести што може да се спречат со вакцинација


Детскиот фонд на ОН, УНИЦЕФ, предупредува дека многу деца најверојатно ќе умрат од болести што може да се спречат со вакцини поради падот на рутинската имунизација за време на пандемијата на ковид-19.

Новите податоци во извештајот на УНИЦЕФ за состојбата на децата во светот за 2023 година покажуваат значителен пад на довербата во важноста на вакцините за децата во 52 од 55 проучувани земји, истакнувајќи дека стапките на вакцинација се намалени за повеќе од една третина во Јужна Кореја, Папуа Нова Гвинеја, Гана, Сенегал и Јапонија. Само во три земји - Кина, Индија и Мексико - податоците покажаа дека луѓето останале позитивни за здравствените придобивки од вакцинацијата.

Во повеќето земји, се вели во студијата, „луѓето под 35 години и жените имаат поголема веројатност да пријават помала доверба во вакцините за деца по почетокот на пандемијата“.

Ова е особено загрижувачки бидејќи извештајот открива дека 67 милиони деца, речиси половина од нив на африканскиот континент, пропуштиле една или повеќе вакцини поради прекини во услугите за имунизација.

XS
SM
MD
LG