Линкови за пристапност

Еден мртов на секои 18 мигранти кои го поминуваат Средоземното Море


Според извештајот на УНХЦР, годинава се случиле инциденти во кои загинале 50 или повеќе луѓе, повеќето од нив по заминувањето од Либија

Бројот на мигранти кои доаѓаат во Европа падна, но, стапката на смртност е зголемена, особено за оние што го поминуваат Средоземното Море, се вели во извештајот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Во извештајот со наслов „Очајни патувања“ се вели дека 2.276 лица, или еден мртов на 42 мигранти, минатата година починале обидувајќи се да го поминат Средоземното Море.

Винсент Кочител, специјален претставник на УНХЦР, вели дека мигрантите преземаат огромен ризик патувајќи на овој начин.

Оваа година со вкупно 1.095 смртни случаи, стапката е еден мртов на секои 18 пристигнати мигранти.

Во јуни, овој број изнесувал еден мртов на секој седми.

Според извештајот, годинава се случиле инциденти во кои загинале 50 или повеќе луѓе, повеќето од нив по заминувањето од Либија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG