Линкови за пристапност

Се` повеќе смртни случаи на мигранти во Медитеранот


Според УНХЦР, ова се случува во време на позатегната имиграциона политика на границите

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, вели дека потенцијалните мигранти продолжуваат да умираат, обидувајќи се да го преминат Средоземното Море и да стигнат во Европа. Според УНХЦР, анти-имигрантската политика ги комплицира напорите да се спасат преполнетите бродови.

Во првите шест месеци од оваа година, УНХЦР соопшти дека во Европа пристигнале 45.700 азиланти и мигранти, додека преку 1.000 или загинале или исчезнале во водите.

Агенцијата додава дека големата загуба на животи, значи дека има итна потреба од зајакнување на капацитетите за пребарување и спасување во регионот.

Но, портпаролот на УНХЦР Чарли Јексли, вели дека невладините организации коишто можат да играат клучна улога во спасувачките напори, се обесхрабрени да го сторат тоа.

Тој за Гласот на Америка изјави дека од клучно значење е да му се дозволи на кој било брод во близина да помогне.

Неодамна, Италија и Малта одбија влез за бродови со мигранти, кои претходно беа спасени и мораа во чамци да останат со денови, пред да бидат примени од Шпанија.

Сезоната за обиди на мигрантите да се преминат границите по морски пат, тукушто започна. Портпаролот на УНХЦР вели дека спасувањето на животи мора да биде клучен приоритет. Тој предупредува дека намалувањето на напорите за пребарување и спасување, ќе доведе до натамошно раст на бројот на жртви, бидејќи бескрупулозните трговци со луѓе ги мамат овие очајни лица да ги ризикуваат своите животи, нудејќи несоодветни бродови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG