Линкови за пристапност

Преку 68,5 милиони лица во светот се присилно раселени


Податоци во најновиот извештај на УНХЦР посветен на бегалците, покажуваат дека повеќе од две третини од бегалците доаѓаат од пет држави

Агенцијата за бегалци на ОН, соопшти дека минатата година бројот на присилно раселени луѓе од војни, прогон и насилство, достигнал рекордно ниво од 68,5 милиони лица.

Во извештајот на УНХЦР Глобални трендови за раселување за 2017-та година, се наведува дека околу 25,4 милиони бегалци побарале заштита во други земји.

Минатогодишниот рекорден број раселени лица, е речиси за три милиони повеќе отколку во 2016-та година, и претставува најголемо зголемување за период од една година. Од Агенцијата за бегалци велат дека големите кризи како раселувањето на околу 700.000 бегалци Рохингја од Мјанмар во Бангладеш, ескалацијата на конфликтите во Јужен Судан и Конго, влошувањето на условите во Венецуела, придонесуваат за порастот.

Вишиот комесар за бегалци на ОН Филипо Гранди, изјави дека 85 отсто од бегалците стасале во сиромашни држави кои едвај се грижат за сопственото население.

„Ова треба да биде тема што ќе помогне за отфрлање на претставата, присутна во многу држави - дека бегалската криза, е криза во развиениот свет. Тоа не е вистина. Оваа криза главно е во сиромашниот свет. Лица од сиромашни држави се преселуваат во сиромашни држави или се раселени во сопствената држава“.

Податоците покажуваат дека повеќе од две третини од бегалците во светот доаѓаат од пет држави. Сирија се наоѓа на врвот на листата, по што следат Авганистан, Јужен Судан, Мјанмар и Сомалија. Во извештајот се додава дека Либан има најголем број на бегалци во однос на бројот на население во државата. Но, четврта година по ред, Турција е дом на најголем број бегалци во светот - 3,5 милиони лица, главно Сиријци.

Од УНХЦР минатата година забележале пад од 40 проценти во бројот на држави кои сакаат да прифатат преселување на бегалци. Во САД биле поднесени преку 1,7 милиони барања за азил, по што следат Германија, Италија и Турција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG