Линкови за пристапност

Унгарскиот премиер Орбан предупредува на нов мигрантски бран


Може да очекуваме преку Средоземното Море во Европа да дојдат повеќе стотици милиони луѓе, рече унгарскиот премиер Орбан при средбата со неговиот македонски колега, Мицкоски во Охрид
Може да очекуваме преку Средоземното Море во Европа да дојдат повеќе стотици милиони луѓе, рече унгарскиот премиер Орбан при средбата со неговиот македонски колега, Мицкоски во Охрид

Може да очекуваме преку Средоземното Море во Европа да дојдат повеќе стотици милиони луѓе, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на неодамнешната средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Македонскиот НВО сектор има поделени ставови за таквите тврдења.

Нов мигрантски бран ѝ се заканува на Европа, предупреди неодамна од Охрид, унгарскиот премиер, Виктор Орбан, при средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Според Орбан, миграцијата е проблем кој ќе остане присутен и во наредните десетина години, бидејќи се случува длабоко демографско прегрупирање низ светот. Ако некој мисли дека ова прашање ќе се симне од дневен ред, тогаш е во голема заблуда рече тој.

Можен ли е нов наплив мигранти од Блискиот исток?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:55 0:00

„Ако пред себе ја имаме и демографската експлозија и во африканските држави и ако тоа не го спречуваме, тогаш може да очекуваме преку Средоземното Море во Европа да дојдат повеќе стотици милиони луѓе. Од тоа може да заклучиме дека проблемот со миграцијата не се однесува на наредните 30-40 години, туку во наредните 70-80 години“, тврди Орбан.

Мораме да склучиме стратегија во борбата против илегалната миграција од Грција преку Македонија, па до Унгарија
Виктор Орбан, премиер на Унгарија

Унгарскиот премиер повика на конкретна соработка на ниво на Влади со земјите од регионот по однос на ова прашање.

„И затоа ние мораме да склучиме стратегија односно соработка во борбата против илегалната миграција од Грција преку Македонија, па до Унгарија и добро би било во оваа соработка да ги вклучиме и Западноевропските држави. Но, тие не се подготвени да ги бранат сопствените граници. Затоа ние имавме еден историски предизвик додека ние овде се бориме против мигрантскиот бран, во нашиот регион можеме за неколку години да очекуваме мигрантски бран од зад грб“, смета Орбан.

Да се предвиди нова криза и масовен прилив на луѓе, во оваа консталација на состојбите и постоењето на нови конфликти на Блискиот Исток е многу тешко, велат од Македонското здружение на млади правници. Сепак велат дека земјата треба да биде подготвена за секакво сценарио.

„Останува да се види дали новите кризи ќе предизвикаат некој таков бран или ќе се применуваат актуелните политики, каде многу мал број на луѓе успеваат да стигнат до дестинациите со оглед на зголемените контроли и новите технологии што се користат по границите, но и генерално што земјите кон Западен Балкан подобро и поуспешно ги штитат своите граници“, вели Назиф Авди-Македонско здружение на млади правници.

Мигрантски бран на Балканската рута, Гевгелија, 12 ноември 2015
Мигрантски бран на Балканската рута, Гевгелија, 12 ноември 2015

Северна Македонија, релативно добро се справи со претходната криза, вели Авди. Но условите во однос на минатото се променети. ФРОНТЕКС, заедно со македонската полиција, патролираат на јужната граница со Грција.

„Нашата држава од друга страна сè уште нема усвоено некое планирање за масовен прилив на луѓе, како би реагирале и одговориле на некој масовен прилив на луѓе, каде нашата држава би била прва на удар после Грција“, додава Авди.

Од невладината организација Легис, стравуваат дека случувањата на Блискиот Исток, може да натера илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.

„Агресијата што во моментов се случува на Блискиот Исток, во Газа и Либан, дефинтивно ќе доведе до зголемени движења, дали до Европа, или најголемата тежина од бегалската криза ќе ја носат и соседните земји како што се Египет, Јордан и другите земји во нивна близина“, вели Мерсиха Смаиловиќ од невладина организација „Легис“.

Според „Легис“, годинава може да се забележи намален број на ирегуларни влегувања на македонска територија. Последните години, бројката на луѓе кои ја користат балканската мигрантска рута, велат од невладиниот сектор е константна и се движи околу 20.000 лица.

XS
SM
MD
LG