Линкови за пристапност

Унгарски циркус отвори врати за украински акробати


Десетици украински изведувачи се прифатени од главниот град на циркусот во Будимпешта
Десетици украински изведувачи се прифатени од главниот град на циркусот во Будимпешта

Десетици млади украински акробати најдоа нов дом во Унгарија, откако избегаа од руската инвазија на нивната земја. Многу од изведувачите мислеле дека бргу ќе се вратат во Украина, но, две години подоцна состојбата не е таква. Известува Хенри Риџвел.

Украинската изведувачка Алеса Астапова има големи амбиции и не дозволи руската инвазија на нејзината родна земја да ги исфрли од рамнотежа тие планови.

18-годишната девојка побегна од својот дом во Киев откако руските тенкови се приближија до главниот град пред две години - пристигнувајќи во Унгарија две недели подоцна.

Украински акробати најдоа привремен дом во унгарски циркус
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Заедно со десетици други украински циркузанти, Астапова беше прифатена од главниот град на циркусот во Будимпешта. Таа речиси секој ден вежба во овој објект на периферијата на градот.

„Навистина сум благодарна затоа што циркусот ми даде можност да тренирам, да продолжам со мојата работа и мојата страст“, вели Астапова.

Навистина сум благодарна затоа што циркусот ми даде можност да тренирам, да продолжам со мојата работа и мојата страст
Алеса Астапова, изведувачка

Директорот на циркусот вели дека сака да им помогне на младите изведувачи да ја развијат својата кариера.

„Можеби најважното нешто што треба да им го обезбедиме е целта во животот. Затоа, им даваме да пробаат и можност во нашите програми за и да има за што да живеат, за што да работи, за што да се борат“, вели Петер Фекете, директор на Главниот циркус на Будимпешта.

Но, иднината останува непозната. Многу од овие млади изведувачи се од разурнатиот Харков во источна Украина.

„Моето семејство е во Украина. Тие продолжуваат да живеат и работат во Харков бидејќи немаат друг избор“, вели акробатот Никита Лешченко
„Ние навистина сакаме да патуваме, да настапуваме, но враќањето во Украина за да се запознаеме со нашето семејство и да поминеме време таму е исто така многу важно. Ние дефинитивно ќе се вратиме во Украина кога оваа војна ќе заврши“, додава Микхаил Чепкиј, акробат.

Астапова верува дека ќе биде потребно време за да се опорави Украина.
„Мислам дека ќе патувам некое време. Затоа што дури и војната конечно да заврши и се да биде безбедно, на земјата ќе и треба време да се врати, да добие ритам, да добие некоја нова финансиска поддршка. Но, не верувам дека во следните пет години ќе се случи тоа“, смета Астапова.

Во неизвесна иднина, страста и патриотизмот на овие млади изведувачи е се поголем.

XS
SM
MD
LG