Линкови за пристапност

Трамп повика на реформи против бирократијата во ОН


Претседателот на САД ова го изјави на маргините на 72-то Генерално собрание на светската организација

Претседателот на САД Доналд Трамп, повика на „храбри реформи“ коишто, како што кажа, Обединетите нации можат да ги направат „поголема сила за мир“.

Во својата прва посета на ОН, од преземање на функцијата пред осум месеци, американскиот лидер истакна дека бирократијата во светската организација која брои 193 членки, била пречка да ја врши својата работата како што е треба, и дека агенцијата „не мора да се придржува" на начините од минатото.

„Стремиме кон ОН кои ќе ја вратат довербата на луѓето ширум светот“, рече Трамп. „За да се постигне ова, ОН на одговорност треба да го држат секое ниво од раководството, да се штитат, таканаречените „свиркачи“, и да се фокусираат на резултатите, а не на процесот.

„Во знак на почит спрема народот во нашите земји, мора да обезбедиме дека никој и ниту една земја-членка, не носи диспропорционален дел од товарот, воено или финансиски“, подвлече претседателот на САД. „Воедно бараме секоја мировна мисија да има јасно дефинирани цели и показатели за оценување на успехот“.

Трамп го пофали Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, „за поставување на визија за реформирање на Обединетите нации за подобро да им служи на луѓето што сите ги претставуваме. Ги поддржуваме вашите напори да го разгледаме целиот систем и да пронајдеме начини за Обединетите нации да бидат уште подобри, во развојот, управувањето, мирот и безбедноста“.

Трамп разговараше со лидерите и официјалните претставници од преку 120 земји, кои присуствуваа на потпишувањето на декларацијата од 10 точки, изготвена од САД, со која се поддржуваат реформите на Гутереш.

Генералниот секретар изјави дека ОН мора да станат „побрзи, поефикасни, пофлексибилни“, велејќи дека бирократските недостатоци во светската организација, го држат буден ноќе.

Трамп пред Генералното собрание на ОН ќе се обрати утре.

Претседателот на САД на маргините на настанот, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а потоа и со францускиот претседател Емануел Макрон, по што следи работна вечера за лидерите на земјите од Латинска Америка.

Советникот за национална безбедност на САД, Х.Р.Мекмастер, истакна дека состаноците на Трамп со Нетанјаху и Макрон главно ќе се фокусираат на „дестабилизирачкото однесување на Иран“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG