Линкови за пристапност

Сиромаштија и конфликти - во фокусот на ОН годинава

Годишната средба во Њујорк е можност лидерите да се сретнат и во помали групи, каде се случуваат многу повеќе суштински работи

Меѓународната заедница се собира за годишната дебата на Генералното собрание на ОН наредната недела. Светските лидери ќе излезат на подиумот на Светската организација во Њујорк да дискутираат за прашања што ги засегаат нивните држави, региони и - светот.

Милениумските развојни цели ќе имаат централно место на одвоен самит,но голем број важни прашања ќе се решаваат и на мали, приватни средби, подалеку од телевизиските камери.

Општата дебата на 65-тото Генерално собрание започнува на 23-ти септември. Се очекува на собирот д асе обратат лидери и претставници на сите 192 држави-членки. Традиционално, бразилскиот претседател ќе ја отвори дебатата, а по него доаѓа американскиот претседател како лидер на државата-домаќин.

Оваа година на дебатата ќе претходи тридневен самит за Милениумските развојни цели. Се очекува да присуствуваат околу 140 претседатели и премиери. Целите треба да ја намалат сиромаштијата, гладта и болестите до 2015-та. Генералниот секретар Бан Ки-мун предупреди дека рокот се приближува.

„Со добра комбинација на политички приоритети и ресурси може да ги постигнеме тие цели. Доколку земјите во развој имаат пофокусирани приоритетни политики и инвестираат дури и ограничени ресурси во областите како образование, креирање работни места и здравство – со меѓународна помош – сето тоа може да се постигне“, вели генералниот секретар на ОН.

Но, годишната средба во Њујорк е можност лидерите да се сретнат и во помали групи, каде се случуваат многу повеќе суштински работи.

XS
SM
MD
LG