Линкови за пристапност

Потребата за вода се зголемува за еден процент годишно


Тоа е една од пораките во новата студија на УНЕСКО, презентирана денеска на Светска конференција за вода во Бразил

Растот на населението, промената на потрошувачката, како и развојот воопшто, го земаат данокот во врска со водоснабдувањето во светот. Владите, пак, треба повеќе да се осврнат на еколошко управување со водата, за да обезбедат здрава планета, какои да ги задоволат потребите на брзорастечкото население.

Тоа е една од пораките во новата студија на УНЕСКО, презентирана денеска на Светска конференција за вода во Бразил.

Потребата за вода се зголемува за околу еден процент годишно, дури и кога климатските промени, загадувањето и ерозијата го загрозуваат нејзиниот квалитет и достапност.

Но, досега, повеќето земји ги користеа традиционалните, вештачки системи за управување со водата, како што се резервоарите, каналите за наводнување и пречистителни станици.

Студијата ги разгледува многубројните придобивки на природната вода - како што се мочуриштата, урбаните градини. Смета дека многу малку инвестиции се вложени во ваквите еколошки опции за управување со водата.

Стефан Уленбрук, координаторо на програмата за вода при УНЕСКО, вели дека ова се важни чекори.

„Треба да го кренеме производството на храна за 50 отсто, во наредните 30 до 40 години. Мораме да размислиме како да го сториме тоа, без да сечеме повеќе дрвја, што е тешко возможно во многу места ширум светот“, вели Уленбрук.

Експертите велат дека еколошкото управување со водите може да помогне да се зголеми земјоделското производство за 20 отсто, што, пак, може да биде клучно во исхраната на населението, кое се очекува да достигне речиси 10 милијарди до 2050-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG