Линкови за пристапност

Што прави Охрид по препораките на УНЕСКО?


Што прави Охрид по препораките на УНЕСКО?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Туристичките работници и градските власти ветуваат акција за поголема заштита на градот, а владата утврди предлог закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Дали натписот „Охрид град на УНЕСКО“ ќе продолжи да стои на зградата на општината или не, ќе зависи од тоа дали градот и државата ќе ги испочитуваат препораките на оваа светска организација за поголема грижа на неговото природно и културно наследство.

Неодамнешните најави дека Охридскиот регион може да се најде на листата на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО веќе во јули предизвика загриженост и во туристичкиот сектор.

Се стравува дека тоа може негативно да влијае на бројот на туристи бидејќи многу од нив во Охрид доаѓаат поради статус што го има во светската организација.

„Вода и езеро може да видат секаде. Но, ако местото е уништено од аспект на природа, култура и архитектура, тоа нема да биде интересно. Ќе биде само локална дестинација што може да се види на поминување“, вели Тања Лилиќ, туристички водич.

Науме Мариноски, професор на Факултетот за туризам во Охрид предупредува дека ќе биде тешко да се надомести она што е изгубено.

„Јас се надевам дека се’ уште може да сториме нешто. Не само кај нас, туку и во светот, атрактивните локалитети се на мета на оние кои сакаат да профитираат“.

Најголемите забелешки на УНЕСКО се однесуваат на прекумерната урбанизација на крајбрежјето.

„Ова е жолт картон, по што ќе следи црвен. Сега што треба да се направи е ние пред европските структури да настапиме со проект за економски, еколошки и туристички развој на целото сливно подрачје на Охридското езеро. Целото треба да го заштитиме“ вели екологистот Лазо Наумоски.

Локалните власти ветуваат дека работат на решавање на проблемите на кои укажува УНЕСКО и оти ќе следи неселективно уривање на дивоградбите чиј што број се проценува на околу 700.

Градоначалник на Охрид, Константин Ѓеорѓиевски најави поведување битка за враќање на сјајот на Охрид.“

Знаеме дека тоа нема да биде лесно и дека ништо не може да се промени преку ноќ“ додава тој.

Владата на својата последна седница го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. До донесувањето на планот се предлага мораториум на сите градежни активности во регионот. Охрид е едно од 35-те места во светот и само седум во Европа кои се под заштита на УНЕСКО.

XS
SM
MD
LG