Линкови за пристапност

Економијата на САД додала 312.000 работни места во декември


Креирани се 2,6 милиони работни места минатата година споредено со 2,2 милиони во 2017-та.

РОЈТЕРС - Американските работодавци вработиле најмногу работници во декември за последните десет месеци, а во исто време ги зголемиле платите, што е олеснување по неодамнешните засилени стравувањеаза здравјето на економијата што ги вознемири финансиските пазари.

Добриот петочен извештај што дојде од Одделот за труд е во контраст со извештаите од порано неделава кои покажаа намалување на кинеската производствена активност во декември за прв пат во 19 месеци, и слабо производство низ поголем дел од Европа и Азија.

Загриженоста за економијата беше засилена со истражувања на јавно мислење кои покажуваа нагло опаѓање на довербата на конзументите и на производството минатиот месец. На двете работи се гледаше како на знаци дека економската експанзија, сега во деветтата година и втор најдолг ваков период во историјата, го губи здивот.

На платни списоци минатиот месец се додадени 312.000 работни места, што е најголемо зголемување од февруари, откако вработувањето во градежништвото се намали заради ниските температури во ноември. Минатиот месец имало зголемување на вработувањата воопшто.

Податоците за октомври и ноември биле ревидирани по што покажале 58.000 повеќе работни места додадени на претходно пријавените цифри. Економијата креирала 2,6 милиони работни места минатата година споредено со 2,2 милиони во 2017-та.

Просечната заработувачка по час се зголемила за 11 центи, или 0,4 проценти во декември откако добила 0,2 проценти во ноември. Тоа го кренало годишното зголемување на платата на 3,2 проценти, што е еднакво со добивката во октомври, од 3,1 проценти во ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG