Линкови за пристапност

Скид Роу


Скид Роу, Лос Анџелес: Многумина бараат работа, но не сите имаат среќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00
Direct link

Скид Роу, Лос Анџелес: Многумина бараат работа, но не сите имаат среќа

Во економски запуштената област на Лос Анџелес, многумина бараат работа, но на малкумина им се насмевнува среќата.

Невработеноста во САД и натаму e на високо ниво - 8,2%, а во Калифорнија уште полоша - речиси 11%.

Стотици се одзваа на неодамнешниот саем за помош при вработување во Мисијата на Лос Анџелес, хуманитарна организација која им помага на сиромашните и бездомниците во запуштеното предградие Скид Роу. Етиопската имигрантка Беки Вуде неодамна ја загубила работата.

„Се` уште барам работа. Што и да е. Морам да ги плаќам сметките. Ми требаат пари“, вели Вуде.

Ентони Александер дошол во надеж дека ќе најде постојана работа: „Работам една недела на едно, друга на друго место, но барам постојана работа“.

Во мај беа отворени само 69.000 работни места - најмалку годинава.

Некои компании сепак вработуваат, вели директорот на Мисијата на Лос Анџелес, Херб Смит.

„Годинава всушност имаше повеќе компании кои нудеа работа, отколку само да собираат работни резимеа“, смета Смит.

Џон Мурга, сопственикот на продавницата Фреско комјунити, на саемот нашол една третина од своите вработени кои Мисијата на Лос Анџелес го обучува за најразлични работи.

„Мислам дека потребна е храброст, сила и упорност на денешниот пазар на трудот, но може да ја креирате сопствената иднина“, размислува Мурга.

Иван Перез е меѓу оние кои нашле работа преку саемот. Вели, на многумина од Скид Роу им треба само – шанса:
„Има многу луѓе кои поседуваат вештини, но не добиле можност да блеснат“.

Пазарот на трудот е` изразито ограничен. Работодавецот Мурга ќе разгледа стотици пријави за - само неколку отворени места.
XS
SM
MD
LG