Линкови за пристапност

Стапката на невработеност во САД за април изнесува 14,7 проценти


Ваква економски тешка ситуација не е видена од Големата депресија во 1930-ите

Одделот за труд на САД објави дека стапката на невработеност, како резултат на пандемијата, изнесува 14,7 проценти за месец април, економски тешка ситуација каква што не е видена од Големата депресија во 1930-ите години.

Ваквата стапка на невработеност укажува дека еден на секои шест работници во САД, од вкупна работна сила од 164,6 милиони луѓе, во моментот е невработен.

Пандемијата затвори фабрики со илјадници вработени, мали и независни бизниси.

Вкупно 33,5 милиони работници поднеле барања за паричен надомест поради невработеност од средината на март.

Работниците кои бараат бенефиции обично се платени речиси половина од нивните регуларни примања, а Федералната влада сега плаќа дополнителни 600 долари неделно, во наредните четири месеци.

Претседателот Доналд Трамп инсистира на отворање на економијата, а веќе најмалку 43 сојузни држави, полека почнаа да отвораат дел од бизнисите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG