Невработеноста во САД опадна четврта недела по ред, објави денес Одделот за труд, додека најголемата светска економија продолжува да се опоравува од пандемијата.
Вкупно 406 илјади лица побарале надомест за невработеност, што е за 38 илјади помалку од ревидираната бројка од претходната недела, соопшти агенцијата. Бројката беше најниска вкупна вредност од средината на март 2020-та година.
Повеќе од половина од возрасните во САД сега се целосно вакцинирани против коронавирусот, зајакнувајќи го економското закрепнување, иако темпото на инокулации падна од пред неколку недели.
Со стабилното закрепнување, многу работодавци пријавуваат недостиг на работници, особено за работни места со ниски плати, како што се сервери во ресторани и службеници за малопродажба. Многу бизниси се жалат дека не можат да најдат доволно апликанти, иако стапката на невработеност останува на 6,1 отсто, многу повисока од стапката на 3,5 отсто во март минатата година пред да се објави пандемијата.
Федералната влада одобри испраќање 300 америкаснки долари неделно дополнителни надоместоци за невработените до почетокот на септември. Но, најмалку 21 од 50 држави, сите предводени од републикански гувернери, сега го прекинуваат учеството во федералните плаќања, тврдејќи дека ваквиот вид помош им дозволуваат на работниците да заработат повеќе пари отколку што тие би направиле со враќање на работа.
Вработувањето во САД е зголемено, бидејќи парите од претседателот Џо Бајден во пакетот за олеснување на коронавирусот од 1,9 трилиони долари се филтрираат низ економијата.
Бајден во петок ќе предложи дополнителни шест трилиони долари државни трошоци за инфраструктурата и помош за деца и семејства, според „Њујорк тајмс“, но судбината на предлогот во политички поделениот Конгрес е неизвесна.
Facebook Forum